Свештеници проневериле 3 милиони евра од црква, инвестирале во ноќни клубови

Претседателот на грчката управа за спречување перење пари, поранешен заменик обвинител на Врховниот суд, Хараламбос Вурлиотис, ги замрзна банкарските сметки и имотот на сопствениците на ноќните клубови на Пелопонез поради сомневање дека парите од двајца свештеници, високо на хиерархиската скала на Католичката црква, била во нивните сметки.

Управата при ревизијата утврдила дека од католичката црква во ноќни клубови се инвестирани големи суми на пари, кои достигнуваат околу 3 милиони евра. Оваа тактика започна пред осум години.

Се вчитува...

Од одредени сметки што ги воделе свештеници биле депонирани големи суми пари кои завршувале на сметките на одредени сопственици на ноќни клубови, што автоматски значело дека тие „вложуваат“ во бизнисот.

Откриен преку банкарски чекови

Банките ги идентификуваа овие трансакции како „сомнително движење на пари“, поради што е започната детална проверка со цел да се мапира позадината и да се идентификува реалниот број на лица инволвирани во случајот.

Во текот на истрагата се појавија индиции за тешки кривични дела како проневера и перење пари.

На крајот Управата утврдила дека сумата од 3 милиони евра била проневерена од средствата на Католичката црква, а оттогаш е откриен идентитетот на двајцата свештеници и бизнисменот на ноќните клубови.

Последната трансакција е откриена пред неколку дена и се однесува на сума од 50.000 евра.