СВЕТОТ ВО ИСЧЕКУВАЊЕ: Дедо Мраз полета од Северниот Пол, радарите го снимија над Гренланд!

Најпознатиот патник на светот официјално ја започна својата мисија. Специјалниот радарски систем на „Flightradar24“ попладнево го лоцираше Дедо Мраз како го прелетува Гренланд, упатувајќи се кон домовите на милиони деца ширум планетата.

Според податоците од радарот, летот со ознака SANTA1 се одвива под строги безбедносни протоколи, а санката моментално лета на висина од неверојатни 60.000 стапки (околу 18.000 метри).

Технички спецификации на „најбрзиот лет“ во годината:

Регистрацијата е HOHOHO, додека пак типот на леталото е Санка, стара околу 1.755 години која вози на брзина од 485 јазли (околу 900 км/ч)

Иако временските услови на Арктикот се екстремни, се чини дека ирвасите, предводени од Рудолф, немаат проблем со одржување на брзината. Како што покажуваат мапите, Дедо Мраз полета од неговата база на Северниот Пол (XMS) и се движи со брзина од речиси еден мах, што е неопходно за да стигне на време во секој дом.

Воздушниот сообраќај низ целиот свет е известен за овој специјален лет, а контролорите на летање му даваат апсолутен приоритет на „црвениот дедо“.

Дали сте подготвени за неговото пристигнување во Македонија? Следете го небото (и радарите), бидејќи со оваа брзина, подароците би можеле да пристигнат побрзо од очекуваното!