Обновата на Сирија по повеќе од една деценија граѓанска војна би можела да чини околу 216 милијарди долари (185 милијарди евра), соопшти Светската банка во проценка објавена денес, што е речиси десет пати повеќе од бруто-домашниот производ на Сирија во 2024 година.
Проценката на Светската банка покажува дека вкупните трошоци за реконструкција би можеле да се движат помеѓу 140 и 345 милијарди долари, со конзервативна „најверојатна“ проценка од 216 милијарди долари, објави „Еуроњуз“.
За обнова на инфраструктурата ќе бидат потребни околу 82 милијарди долари (70 милијарди евра), додека штетата на станбените згради се проценува на 75 милијарди долари (64 милијарди евра), а на нестанбените згради на 59 милијарди долари (50 милијарди евра).
