Џејми Оливер, светски познат по создавањето вкусни рецепти, отвора ресторан во Белград! Италијанската кујна е популарна низ целиот свет, па концептот на италијанскиот ресторан Џејми се заснова на семејна атмосфера, споделување вкусна храна и создавање незаборавни искуства.
Џејмис италијански, премиум брендот на синџирот ресторани на познатиот британски готвач Џејми Оливер, зимава ќе биде отворен во Белград. Српската престолнина на тој начин ќе застане рамо до рамо со Ирска, Португалија, Бразил, како и Обединетите Арапски Емирати, кои се само дел од земјите каде Џејми Оливер одлучи да го претстави својот уникатен концепт на италијанската кујна.
Италијанската кујна е популарна низ целиот свет, па концептот на италијанскиот ресторан Џејми се заснова на семејна атмосфера, споделување вкусна храна и создавање незаборавни искуства. Менито е создадено од различните вкусови на Италија, прославувајќи ги познатите омилени, како што се примамливи антипасти, свежо направени тестенини, здрави салати и десерти.
„Многу сум горд што го отвораме нашиот прв ресторан во Србија, во прекрасниот Белград. Нашиот прв чекор во воспоставувањето успешен бизнис во Белград е да создадеме тим од посветени, искусни и вредни луѓе, од менаџери и готвачи до келнери и помошен персонал, со кои секој гостин ќе го напушти нашиот ресторан со насмевка. Јас и мојот тим ги бараме вистинските луѓе да дојдат и да ни се придружат. Ако имате страст за храна и гостопримство и ако сакате да бидете дел од одличен тим кој се грижи за вас и вашиот развој и задоволство, контактирајте не преку веб-страницата или профилот на Инстаграм“, рече Џејми Оливер.
Џејми Оливер е светски познат по создавањето на вкусни рецепти и неверојатни гастрономски искуства. За време на успешната кариера која траеше речиси две и пол децении, тој продаде повеќе од 48 милиони книги ширум светот и инспирираше милиони луѓе да научат да уживаат во готвењето свежа и вкусна храна.
Во просторот каде што ќе биде отворен ресторанот, денеска ќе биде организиран Отворен ден, еднодневен настан на кој сите заинтересирани да работат во ресторанот ќе имаат можност да се сретнат и разговараат со претставници на франшизата, а објавен е оглас за дури 11 позиции.
