Свлечиште во Мексико Сити: Шест лица загинаа, три се повредени

Шест лица загинаа во лизгање на земјиште предизвикано од обилните дождови во близина на Мексико Сити, соопштија денеска властите.

Во понеделникот вечерта, лизгање на земјиштето погоди куќа и училиште во Наукалпан, место северозападно од Мексико Сити, а жртвите се четворица мажи и две жени, пренесува АП.

Уште три лица се повредени и пренесени во болница.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното