СЗО: Новите случаи на Ковид-19 во Африка се намалени во последните 16 недели

Светската здравствена организација објави дека бројот на случаите на Ковид-19 на африканскиот континент е намалено во последните 16 недели.

Директорот на Африка на Светската здравствена организација (СЗО), Др. Матшидисо Моети на својата неделна прес-конференција објави дека е забележан најдолг пад на бројот на случаи од почетокот на епидемијата на КОВИД-19.

Наведувајќи дека бројот на заболени е намален во последните 16 недели, Моети ја сподели информацијата дека има намалување на стапката на смртност веќе 8 недели.

„Нови варијанти продолжуваат да доаѓаат“

Моети предупреди дека и покрај намалувањето на случаите и смртните случаи, треба да се внимава и ја подвлече потребата од продолжување на тестирањата и вакцинациите.

„Вирусот сè уште се шири. Продолжуваат да се појавуваат нови варијанти. Мерките на претпазливост се важни за да се одговори на избувнувањето“, рече директорот Моети.

Според веб-страницата „Ворлдометар“, каде што се собираат податоците за Ковид-19, бројот на луѓе кои ги загубиле животите поради вирусот во Африка достигна 253.358.

Бројот на случаи на континентот беше 11.816.331, бројот на оздравени се зголеми на 11.053.058.