Свет

СЗО со совети за празниците: Маски, дистанца…

„Носете маски кога ќе тргнете во посета на семејството за Божиќ“ е пораката која до Европјаните ја испрати Светската здравствена организација.

Советот, кој на својата веб страница го објави европскиот дел на здравственото тело на ОН, покрива многу прашања кои се однесуваат на зимските рекреации и празници, вклучувајќи го и тоа дали треба да се земе пауза од скијање и сезонско славење.

Овој совет доаѓа во екот на пандемијата, во периодот кога се водат дилеми за тоа како да се прослават празниците, вклучувајчи ја и дилемата дали Европа ќе продолжи со олабавување на ограничувањата или ќе воведе строг карантин, како што некои земји направија или размислуваат за тоа.

СЗО порачува дека масовните собирања носат значаен ризик од зголемен пренос на коронавирусот во текот на претстојната зима, пишува Гардијан.

СЗО предложи, додека заедниците ширум Европа разгледуваат дали ќе бидат домаќини на верските поворки, празнични базари и црквени прослави, дека треба да се разгледа одложување или намалување на јавните настани. Исто така се препорачува верските служби да се одржуваат на отворено.

Во известувањето исто така се сугерира и Божиќните собирања да се одржуваат надвор ако е можно, а учесниците треба да носат маски и да држат растојание.

„Може ќе ви биде непријатно да носите маска и да држите физичка дистанца во близина на пријателите и смеејството, но тоа значително допринесува сите да останат безбедни и здрави“, напоменува СЗО.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни