„Таа мене ми дари живот, а јас го продолжив нејзиниот“ – Хрватски фудбалер и донираше црн дроб на својата мајка

Сите знаеме дека љубовта помеѓу мајка и дете е единствена, искрена и посебна, и не постои таква сила која би ја уништила.

Еден ваков пример е и следнава приказна:

Се вчитува...

На Фејсбук страната Интересно се појави текст за хрватски фудбалер кој и донирал црн дроб на својата мајка.

„23-годишниот хрватски фудбалер Роберт Периќ-Комшиќ, напаѓач на Цибалија од Винковци, кој игра за втора лига во хрватскиот фудбал, направи нешто што е за голема почит. Во последните месеци тој е во центарот на вниманието, не поради фудбалот, иако многумина го сметаат за многу талентиран, туку поради тоа што ѝ подарил црн дроб на мајка си.

По трите неуспешни трансплантации кои ги имала неговата мајка, Роберт одлучил самиот да биде донатор за да ѝ го продолжи животот. Заедно отпатувале во Турција каде била извршена операцијата, а четири месеци подоцна фудбалерот се вратил на терен.

Тој сега е во тренажен процес со својот клуб и наскоро ќе биде подготвен да игра фудбал. Само неколку месеци откако ѝ донирал дури 70 проценти од црниот дроб на мајка си, Роберт Периќ-Комшиќ се враќа на фудбалските терени, иако лекарите не можеле да гарантираат кога им рекол дека сака да ѝ подари орган на мајка си, која во тоа време била многу болна.

„Воопшто не размислував за тоа бидејќи имав јасна мисија, да ја оздравам мама. Останатото беше споредно. Брат ми и татко ми не можеа да донираат орган поради здравствени причини, а времето на мама истекуваше. Нејзиниот стомак се полнеше со вода и тоа беа прашања на денови. Мама мора да зема терапија, но тоа не е ништо ново за неа, бидејќи со години е под лекарства. Сите мои наоди се нормални, црниот дроб беше речиси целосно регенериран два месеци по операцијата. Во суштина, бегам од приказните за херојство, сепак го направив она што верувам дека би го направил секој што пораснал во функционално семејство. Мајка ми ми дари живот, јас ѝ го продолжив нејзиниот“, објасни младиот фудбалер за веб-страницата Vinkulja.hr.