Лидерот на ДПА Мендух Тачи вечерва е гостин во „Клик Плус“ на ТВ21. Дебатираме на актуелни теми за Македонија. Тачи вели дека актуелното мнозинство има 61 пратеник, но дека со толку е опасно да се води државата.
„Имаме 61 пратеник, но со 61 е опасно да се води државата. Немаме стабилност. Сега е сериозно време Заев да направи напори и сериозно да разговара со претставници на БЕСА и Алтернатива. Дали тие партии се за ЕУ или за дестабилизација на државата“, рече Тачи.
Лидерот на ДПА искажа загриженост за руско влијание во Македонија.
„Се подготвуваше црно сценарио за Македонија. Никој не може да ме убеди дека и Русија нема влијание тука. Ова е сериозна закана за државата. Исто така убеден сум дека сега Мицкоски не сака да биде премиер. Тој калкулира. Сака да имаме техничка влада со премиер Албанец, со тоа ќе расте бројот на гласачи за ВМРО-ДПМНЕ, па потоа на избори да добие поголем број на пратеници“, изјави Тачи.