Побавното внесување на храна е клуч во губењето на вишок на килограми, стои во ново истражување.
Во журналот „BMJ Open“, објавено е истражување чии резултати покажуваат дека луѓето кои јаделе побавно имале 42 отсто помали шанси да бидат дебели, а луѓето кои јаделе со „нормална“ брзина, 29 отсто.
До овие сознанија научниците дошле откако анализирале податоци на лица заболени од дијабетес во Јапонија, во периодот меѓу 2008 и 2013 година.
Учесниците добивале прашања околу тоа на кој начин ја јаделе храната, но и останати прашања кои се однесуваат на нивните секојдневни навики во исхраната.
„Промените во начинот на внесување на храната и тоа како можат да влијаат на телесната тежина“, предупредуваат авторите на истражувањето.
„Бавното џвакање може да биде ефикасен начин превентивно да се влијае на дебелеењето и да се намалат останатите здравствени ризици кои придонесуваат за дебелеење“, твдат авторите на истражувањето.