Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вечерва во Министерството за внатрешни работи пријавил дека бил следен од тајни служби. Во синоќејното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, Пендаровски рече дека е следен физички и дека постојано го фотографираат, а фотографиите подоцна се објавувале на социјалните мрежи на непознати профили.
Денеска и Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовки го повика Пендаровски да поднесе пријава во МВР за наводното следење, за кое Пендаровски се сомнева декa e нарачано од ВМРО-ДПМНЕ. И кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател, Гордана Силјановска – Дафкова денеска го повика Пендаровски да ги пријави тајните служби во МВР.