Таксистите во Атина планираат 18-часовен штрајк што ќе започне денес во знак на протест против она што нивниот синдикат го нарекува „неконтролиран влез на големи приватни интереси“ во јавниот превоз.
Синдикатот на таксистите од Атика (SATA) најави штрајк за да им овозможи на членовите да присуствуваат на генералното собрание во понеделник, објави грчкиот ekathimerini.com.
Претседателот на синдикатот, Тимиос Лимберопулос, изјави дека штрајкот е одговор на новата одлука на грчкото министерство која „го отвора патот за јавен превоз со приватни автомобили со возач“.