Македонија

„Време за плачење“ во нова верзија: Тамара и Билбилов со музички омаж за жртвите од Кочани

„Време за плачење“ во нова верзија: Тамара и Билбилов со музички омаж за жртвите од Кочани

Оригинално напишана и изведена од Игор Џамбазов, песната „Време за плачење“ добива ново, емотивно руво.

Во оваа верзија, вокалната изведба е на Тамара Тодевска, а аранжманот и продукцијата се дело на Роберт Билбилов. Песната е објавена преку светски познатата продукциска куќа Cafe De Anatolia.

Новата интерпретација е посветена на жртвите од трагедијата што се случи на 16 март во Кочани, и претставува трогателен музички омаж на загинатите.

Со силен емотивен набој, оваа верзија на „Време за плачење“ зборува таму каде што тишината боли, пренесувајќи порака на сочувство, љубов и вечна почит.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни