Тарант престојувал и во Словенија – словенечката полиција нема податоци каде се движел

Австралиецот Брентон Тарант, кој е осомничен за напад врз две џамии во Нов Зеланд и за убиство на 50 лица, во април 2016 година престојувал во Словенија. Ова го потврди словенечката полиција. Во средината на април таа година Тарант пристигнал во Словенија со авион од Истанбул, а неговото пристигнување е забележано на аеродромот Брник, соопшти Управата на словенечката полиција, но засега нема други податоци за неговото движење во Словенија, ниту колку се задржал таму. Според полицијата, тие немаат никакви информации дали Тарант престојувал во некои од словенечките хотели или преноќувалишта и колку долго престојувал во Словенија, бидејќи во согласност со законот за регистрација на престој, сопствениците на станови не се должни да чуваат податоци од пред неколку години. Се спроведуваат истраги за да се проверат други можности за одредување на неговиот престој, како што е можно изнајмување автомобил, но тоа досега не даде плод.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното