Таравари: Да се формира широка коалиција поради Ковид-19, а потоа со локалните одиме и на парламентарни избори

Во „Click Plus“ на ТВ21, вечерва генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбер Таравари рече дека во овие моменти потребно е формирање на широка коалиција за справување со коронавирусот.

„Да се формира сега широка коалиција поради коронавирусот, а потоа на локалните избори да одиме и на нови предвремени парламентарни избори“, рече Таравари во „Click Plus“ на ТВ21.

ЧИТАЈ ИСТО ТАКА:

Претходно, Таравари за ТВ21 потенцираше дека ако ДУИ оди во коалиција со СДСМ, тие ќе одат со ВМРО-ДПМНЕ и обратно.

.

Извор: ТВ21