Таравари: Јас ќе поднесам оставка, другите ќе бидат разрешени!

Арбен Таравари, министер за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците изјави дека тој ќе поднесе оставка од функцијата, а за останатите функционери од оваа партија очекува да бидат разрешени. 

– Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени, вели Таравари во изјава за МИА.

Инаку, оваа одлука доаѓа откако во понеделникот партијата по недоразбирањата со останатите коалициски партнери во „ВРЕДИ“ донесе одлука да ја напушти владината коалиција и да оди во опозиција. На претстојните локални избори партијата ќе настапи со свои кандидатски листи за советници. 

Денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања рече дека во периодот што следи ќе бидат номинирани нови имиња на местото на оние што и припаѓаа на Алијанса за Албанците.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното