В.д. претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, по лидерската средба со премиерот Димитар Ковачевски, кажа дека засега нема никаква понуда за влез во Влада.
„Имавме втора средба со Ковачевски, после првата лидерска. Разговаравме европскиот пат на Македонија кој мора да продолжи, и за борбата против корупција и функцинирање на правната држава. Зборевме за законите кои се блокирани, европски закани кои АА ги поддржуваше и ќе продолжи да ги поддржува.
Немаме разговори за влез на владата. Кога ќе имаме, ќе кажеме ќе бидеме транспаренти. Не сме добиле понуда за влез во Владата.
Ако почнеме преговори треба да одлучат телата на партијата. Секако дека ќе имаме услови ако почнеме преговори, ќе имаме црвени линии. Имаме пакет на мерки кои сме ги кажале и како опозиција ќе ги презентираме пред целата јавност. Шпекулации се тие министерства кои кружат во медиумите, ништо не е вистина што се пишува и што се говори“, рече Таравари.
Околу комуникацијата со ВМРО-ДПМНЕ, Таравари кажа дека во последно време не му се допаѓа „вордингот“ од опозицијата.
„Ние имаме комуникации со сите политички партии, па и со ВМРО-ДПМНЕ, во одредени општини имаме коалиција, но од пред 4-5 месеци кога се дистацинарвме од Арсовска, а после и ВМРО-ДПМНЕ. Вордингот кој го користи ВМРО-ДПМНЕ воопшто не ни се допаѓа, и ги намалуваат капацитеите за соработка со албански партии. Се натпреваруваат со Левица која е понационалистичка партија, и тоа ни штети. Ќе продолжиме комуникација со сите политички партии“, рече Таравари.
На крајот на прашање дали сега ќе зборуваат за криминалите на ДУИ, како што тоа го прават секојдневно, Таравари истакна:
„Да, ќе продолжиме да ги критикуваме ДУИ. Ако ме прашате дали и сега има криминал, да има. Така што ќе продолжиме со истите критики без разлика дали ќе бидеме дел од владата или не“.