Македонија

Таравари: Ова лето мора да имаме избори

Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, вечерва на дебатната емисија „КликПлус“ на ТВ21 каде што е заедно со Блерим Беџети, рече дека избори мора да се одржат ова лето.

Тавари, додаде, дека можеби средината на јули е најдобар термин за одржување на парламентарните избори, и прифатлив за поголемиот дел политички партии.

Претходно Беџети од ДУИ рече дека 5. јули е прифатлив датум за одржување на изборите.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни