Актуелниот градоначалник на Гостивар ќе биде и идниот во општината, соопшти тој предмалку на Сител.
„Со 55% од гласовите од изброени 100% од записници од ИМ поминавме во прв круг, се надевам дека ДУИ нема во ОИК да направи ујдурма, инаку победуваме со 3000 гласови разлика, иако целиот државен апарат беше вп Гоствар со автомобили, закани, купување гласови, но народот е најсилен и тој одлучува. Им честитам на граѓаните кои излегоа и ги казнија каматашите, мафијашите. Овој пат народот во гостивар ги победи бандите во гостиварско“, рече тој во изјава за Сител.
Овие избори не се потврдени од Државната изборна комисија.