Таравари предлага широка Влада – Заев: Опозицијата не може да помогне во борбата со пандемијата

Не би било лошо сегашната влада да размисли за широка техничка влада за полесно да се соочи со кризата предизвикана од пандемијата, предложи синоќа во „Клик Плус“, генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

„Ова е ситуација во која сите треба да понесат одговорност. Секоја политичка партија треба да понесе одговорност. Има импликации во економијата, образованието, за здравството да не зборуваме. Не зборувам за долг период, туку додека да излеземе од ситуацијата со пандемијата“, посочи Арбен Таравари.

Идејата на Таравари за техничка влада е да се вклучат сите политички партии без исклучок, и тоа да трае до лето, кога би се вратила политичката влада.

Премиерот Заев вели дека вреди да разгледа секој предлог, но не смета дека со влезот на опозицијата во владата ќе се смени нешто.

Премиерот верува дека актуелната коалиција може да продолжи уште похрабро за да ги води напред важните процеси.

.

Извор: ТВ21