Тажна вест: Почина 23-годишниот Кристијан Сребреновски од Кочани за кој се собираа средства за лекување!

Тажна вест ја потресе јавноста – почина 23-годишниот Кристијан Сребреновски од Кочани, за кого изминатиов период се собираа средства за лекување.

Неговите блиски и пријатели преку социјалните мрежи се простија од него со емотивни објави, исполнети со тага и болка за прерано згаснатиот млад живот.

Кристијан се лекуваше во болница во Ријека, Хрватска, каде што водеше тешка битка со карцином на тестис кој метастазирал во главата. И покрај напорите на лекарите и трите извршени операции во краток временски период, младиот човек за жал ја изгуби животната битка.

Јавноста и граѓаните од Кочани изразија сочувство до неговото семејство и благодарност до сите кои помогнаа во хуманитарната акција за неговото лекување.