Тажна вест: Почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

По кратко боледување, денеска во Скопје, на 42-годишна возраст, почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.

Томиќ беше долгогодишен дел од македонската медиумска сцена, а од 2007 до 2018 година работеше во редакцијата на Канал 5 како уредник во информативната редакција. Неговата новинарска кариера беше посветена на следење на настани од надворешната политика, при што остави значаен печат во известувањето.

Колегите и пријателите ќе го паметат како посветен новинар, професионалец со остар новинарски дух и човек со исклучителна другарска природа.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното