Басри Садику, синот на Азем Садику, градоначалникот на општина Студеничани, почина денеска во раните утрински часови, објави порталот на албански јазик aktuale.mk.
Тој веќе подолго време боледуваше од тешка болест, додека во последните два дена состојбата му се влошила.
– Долгогодишната битка со оваа болест Басриу ја загуби во Клиничката болница „Мајка Тереза“ во Скопје. Басри Садику, и покрај тешката здравствена состојба, неколку години беше доста активен раководејќи со неколку информативни веб-страници, пишува aktuale.mk.
Изразуваме сочувство до семејството Садику и пријателите на починатиот.