Во страшниот масакр на Цетиње, Марија Мартиновиќ (38) била ранета, но успеала да ја спаси својата ќерка така што ја заштитила со своето тело. За жал, нејзиниот маж Марко Мартиновиќ и неговиот брат-близнак Милош биле убиени во крвава трагедија предизвикана од Ацо Мартиновиќ.
Марија споделила емотивна порака на социјалните мрежи, обраќајќи ѝ се на својата храбра ќерка: „Моја мала храбра девојко, мама ќе дојде наскоро, само уште малку да се опоравам. Тебе те спасив, но твојот татко не. Со нетрпение чекам да те прегрнам и бакнам.“
Во објавата таа споделила и фотографија од девојчето, кое сега е со неа и нејзиното семејство.
Според зборовите на таткото на Марија, таа во моментот на нападот успеала да го заштити детето и тоа било клучниот момент што му го спасило животот на девојчето.
„Слава му на Господ, она е добро, со нас е. Ние дојдовме од Србија во Цетиње кога слушнавме што се случило“, рекол таткото, нагласувајќи ја храброста на својата ќерка.
Да потсетиме, Ацо Мартиновиќ (45) од Цетиње започнал масакр во кафеаната „Велестово“, недалеку од Спортскиот центар, каде што уби четворица луѓе. По тоа, во Бајиците убил уште четворица, а потоа во населбата Хумци уби две деца. Мартиновиќ продолжил со својот крвави поход и во Долен крај убил две лица. Кога полицијата го опколила, Мартиновиќ си пукал во глава и починал на патот до болницата.