Македонија

Театарски претстави за осудените лица: Драмски театар и КПУ Затвор Скопје ги здружија силите

Театарски претстави за осудените лица: Драмски театар и КПУ Затвор Скопје ги здружија силите

Драмскиот театар и КПУ Затвор Скопје потпишаа меморандум за соработка со цел отворање нови можности за ресоцијализација на осудените лица преку културата и уметноста.

Како што информираше Управата за извршување санкции, меморандумот го потпишале директорот на Драмски театар, Роберт Вељановски, и директорот на КПУ Затвор Скопје, Бобан Утковски.

Според институцијата, соработката има за цел преку театарски претстави и културни активности да придонесе за духовен развој, едукација и поттикнување позитивни вредности кај осудените лица.

„Културата, уметноста и театарот имаат моќ да допрат до секој човек, да разбудат емоции, совест, надеж и желба за позитивна промена“, наведуваат од Управата за извршување санкции.

Во рамки на соработката, на 8 мај дел од примерните осудени лица, во придружба на затворската полиција и вработени од секторот за ресоцијализација, присуствувале на театарска претстава.

Од КПУ Затвор Скопје посочуваат дека и во иднина ќе продолжат со активности насочени кон успешна ресоцијализација, враќање на довербата и создавање услови за подобра интеграција на осудените лица во општеството.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни