Недалеку од Устиколина во БиХ, пронајдени се телата на две лица во нивната куќа во Доње Жешче.
Според првите информации се работи за постар брачен пар. Министерството за внатрешни работи на босанско-подринскиот кантон (МУП БПК) Горажде потврди дека се работи за природна смрт.
Лице од Фоча се обратило до дежурната служба на Полициската станица (ПС) во Устиколина и пријавило дека при посета на семејниот дом во Устиколина пронашол две тела. На местото на настанот е испратена полициска патрола од ПС Устиколина, која го обезбедувала местото на настанот.
-Истрагата ја спровеле припадници на Секторот за криминалистичка полиција, Управата на полицијата на МУП на БПК Горажде и лекарот судски вештак на Кантоналната болница Горажде, во присуство на дежурниот кантонален обвинител, при што било констатирано дека таму на телата немало знаци на насилна смрт и дека се работи за природна смрт на две лица, информираат од Полициската управа на МУП БПК Горажде.
Во соопштението се додава дека телата на починатите се предадени на нивните семејства.
