Телата на три лица се пронајдени во стан во берлинскиот кварт Марзан, соопштија од обвинителството и полицијата, јави ДПА.
Одделот за убиства на берлинската полиција го истражува случајот од вчера вечерта. Мртвите тела се пронајдени нешто по пладне, се вели во соопштението за медиумите.
Властите велат дека во овој момент не можат да дадат дополнителни информации за да не се мешаат во истрагата.
Според локалните медиуми, злосторството било извршено пред неколку дена. Според нив, жртвите се мајка и нејзините две ќерки – на возраст од пет и шест години. Се бара партнерот на жената.
Обвинителството не ја потврди информацијата која ја пренесоа медиумите.
Соседот на жртвите за ДПА го опиша инцидентот како многу застрашувачки.