Телото на починатиот матурант во Струмица го пронашла неговата мајката и неговиот другар

Струмица е потресена од трагичниот настан кој синоќа ја шокираше локалната заедница кога околу 12 часот, во близина на месноста Крива Река, зад складот за дрва на подружницата на „Македонски шуми“, било пронајдено безживотно тело на 19-годишно момче, ученик во завршна година од едно струмичко средно училиште.

Според првичните информации, телото го пронашле мајката на момчето и негов другар, кои излегле да го бараат откако тој не се вратил дома подолго време, објави ТВ Сител.

На местото на настанот веднаш бил повикан лекар, кој ја констатирал смртта. Увид извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа од СВР Струмица. По наредба на јавниот обвинител, телото било предадено на обдукција.

Од ОЈО Струмица денеска информираа дека обдукцијата веќе е завршена и дека првичните наоди не покажале траги на насилство. За целосно разјаснување на случајот се чекаат и резултатите од токсиколошките анализи, кои треба да дадат појасна слика за причините кои довеле до смртта на младиот матурант.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното