Темното чоколадо го подобрува здравјето на варењето, но и расположението

Според новата студија објавена во списанието Nutritional Biochemistry, темното чоколадо може да биде изненадувачки добро за вас.

Во контролната студија во која учествуваа возрасни, беше откриено дека темното чоколадо кое содржи 85 проценти какао е поврзано со подобро расположение и подобро варење.

Учесниците во студијата биле поделени во две групи, едната јадела темно чоколадо со 70 проценти какао, а другата со 85 проценти и го консумирала секој ден во текот на три недели. На крајот од студијата, резултатите беа прегледани врз основа на распоредот на ПАНАС (позитивно и негативно влијание), кој можеше да ги следи емоциите на учесниците. Во втората група е забележано значително намалување на негативното влијание во споредба со првата група.

Научниците отидоа чекор понатаму и проучуваа како промените на расположението се поврзани со цревната микробиота. Здравјето на дигестивниот систем и менталното здравје се поврзани во голем број студии, а според Харвард Хелт, конзумирањето на храна која содржи хемиски адитиви и се обработува има негативен ефект врз цревата и го зголемува ризикот од болести и лошо расположение. Студиите исто така потврдија дека здравата исхрана и превенцијата од депресија имаат антиинфламаторни ефекти.

За да се одржи варењето здраво, исхраната мора да се состои од пробиотици и пребиотици. Пребиотиците се всушност храна за пробиотиците – добри бактерии. Пребиотиците се несварливи јаглехидрати и покрај пробиотиците ни помагаат да го одржиме здравјето на дигестивниот систем. За да ги нахраните вашите добри бактерии, вклучете храна како грав, грашок, мешунки, банани, бобинки, лук, аспарагус, овесна каша во вашата исхрана…

Темното чоколадо служи како пребиотик во цревата бидејќи содржи влакна. Според експертите, темното чоколадо, кое има меѓу 70 и 85 отсто какао, содржи мала количина од околу 11 грама влакна, пишува Ordinacija.hr. Колку повеќе какао има во чоколадото, толку повеќе влакна има.

Значи вистината е, јадете темно чоколадо ако сте нерасположени и сигурно ќе се чувствувате подобро.