Температурата на Северниот пол е за 20 степени повисока од просечната за овој период од годината

Во неделата на 2 февруари температурата на Северниот пол се искачи за повеќе од 20 степени Целзиусови над просекот за овој период од годината, преминувајќи го прагот за топење на мразот со апсолутна температура од-1 степен, објави Службата за климатски промени на Европската унија „Коперник“.

Научниците процениле дека невообичаено благата температура е поврзана со систем со низок воздушен притисок над Исланд, кој насочува силен проток на топол воздух кон Северниот пол, објави денеска Гардијан.

Температурата северно од Свалбард во Норвешка во саботата веќе се искачи на 18 степени над просекот за периодот од 1991 до 2020 година, според мерните модели на метеоролошките агенции во Европа и Соединетите Американски Држави, при што вистинската температура е блиску до точката на топење на мразот, од нула степени.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното