Македонија

Температурите во пораст, од среда дожд и силен јужен ветер со брзина над 80 километри на час

Температурите во пораст, од среда дожд и силен јужен ветер со брзина над 80 километри на час

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој наместа во западните делови ќе биде повремено засилен.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб ветер од променлив правец.

Од утре, под влијание на јужно воздушно струење, дневните температури постепено ќе се зголемуваат и ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Од среда се очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со различен интензитет.

Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој во среда и четврток во западните делови од земјава повремено ќе достигнува брзина над 80 километри на час.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни