Балкан

Тензично на северот на Косово: Граѓани се собраа пред општина Звечан, фрлен солзавец, таму се и припадниците на КФОР

Тензично на северот на Косово: Граѓани се собраа пред општина Звечан, фрлен солзавец, таму се и припадниците на КФОР

Граѓаните се собраа во близина на зградата на општина Звечан, пред која има голем број припадници на специјалните сили на косовската полиција со опрема за разбивање демонстрации, јавува дописникот на Euronews од Србија. Српската листа и граѓаните бараат новоизбраниот албански градоначалник да не доаѓа во општинската зграда и специјалната косовска полиција веднаш да се повлече. Има и членови на КФОР кои во еден момент биле помеѓу, а се распоредени и во други општини на северот на Косово. Амбасадорот на САД во Приштина ги покани на средба новоизбраните градоначалници Албанци.

Кога граѓаните се обиделе да влезат во зградата на општина Звечан, косовската полиција фрлила солзавец, по што граѓаните се оддалечиле околу пет метри поназад. Распоредените припадници на КФОР се поместија од првобитната позиција и сега се поблиску до општинската зграда.

Како што јавува репортерот на Еуроњуз Србија, во моментов е мирно, граѓаните се уште се пред општинската зграда.

Инаку, голем број припадници на КФОР утрово беа распоредени во близина на главниот мост на Ибар, кој ја дели Северна и Јужна Митровица. Припадниците на италијанскиот дел на КФОР се на влезот во Бошњачки Махал, каде се распоредени од раните утрински часови. Присутни се неколку џипови и камиони со повеќе од 100 војници.

Исто така, силни сили на КФОР се присутни пред зградата на општина Зубин поток, како и бројни припадници на косовската полиција, а иста ситуација е и во Лепосавиќ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни