Британскиот парламент синоќа со 432 гласа го одби предлогот на Премиерката Тереза Меј за излегувањето на Велика Британија од Европската Унија.
Лидерот на опозициската Лабуристичка партија Џереми Корбин покрена иницијатива за гласање на недоверба на Владата, после катастрофалниот пораз на вчерашното гласање.
Меј истакна дека Владата ќе ја продолжи дебатата на конструктивен начин и додаде дека ќе настојува Британија да излезе од ЕУ на достоинствен начин.
„Сакам да истакнам дека оние кои гласаа за излегување на Британија од ЕУ, моја должност е да им го осигурам исполнувањето на нивната волја и на волјата на народот. Сите пратеници треба да ја почитуваат желбата на граѓаните“, истакна Меј.
Гласањето на недоверба на Владата на Меј, може да се случи во брзо време.