Терористички напад во Грција: Едно лице загина, друго тешко повредено!

Во експлозија во стан во Атина загина еден маж, а една жена беше тешко повредена. Истрагата за инцидентот ја презеде антитерористичката единица на полицијата.

Едно од официјалните лица изјави дека е ангажирана антитерористичката единица на полицијата поради сомневање дека експлозијата била предизвикана од експлозивна направа.

Се вчитува...

Експлозијата предизвикала голема материјална штета во станбена зграда во областа Ампелокипи, јавува Ројтерс.

Пожарникарите ја евакуирале повредената жена и ја пренеле во болница.

Според грчкиот портал Прототема, тешко повредената млада жена е веќе позната.

Во истрагата пронајден е пиштол со девет куршуми, кој е предаден во форензички лаборатории за да се утврди дали е употребен во кривично дело.