Во неколку цркви и хотели во Колумбу, Шри Ланка, одекнаа експлозии на самиот ден Велигден, објавија неколку медиуми, а властите го потврдија нападот. Некои медиуми јавуваат за шест експлозии, а Си-Ен-Ен јавува дека три одекнале во католички цркви, додека две во луксузни хотели.
Експлозиите се случиле во текот на масовното одбележување на Велигден во црквата Св. Антони во Колумбу и Св. Себастијан во Негомбу, недалеку од главниот град.
Дел од медиумите јавија дека експлозиите биле координирани и се случиле во 8:45 по локално време.
Засега информациите околу жртвите не се согласуваат, односно според „Франс Прес“, имало 42, а „Ројтерст“ јавува за најмалку 20 жртви и преку 200 повредени.
За експлозиите до сега никој не превзеде одговорност.
The post Терористички напад во Шри Ланка: Во неколку експлозии во хотели и цркви, загинаа најмалку 50 лица appeared first on ТВ21.