Терористички напад во Тел Авив: Четири лица избодени со нож, напаѓачот ликвидиран!

Тројца мажи се повредени во напад со нож во центарот на Тел Авив, а полицијата потврди дека се работи за терористички чин.

Меѓу жртвите има двајца мажи на возраст од 24 и 28 години, кои се со средно тешки повреди, и двајца мажи на возраст од 24 и 59 години, кои се полесно повредени, објави „Тајмс оф Израел“.

Нападот се случил на две локации. Според лекарот, напаѓачот бил убиен на лице место.

Според идентификацијата пронајдена на неговото тело, напаѓачот кој вечерва го изврши нападот со нож е идентификуван како Мароканецот Абделазиз Кади (29), кој имал американска зелена карта и дозвола за постојан престој во Соединетите Американски Држави.

Тој на 18 јануари влегол во Израел со туристичка виза.

Безбедносните службеници се уште работат на проверка на неговиот идентитет.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното