Свет

Терористички напади во Шри Ланка: 207 загинати, уапсени седум лица

Седум лица се уапсени, за кои се верува дека имаат учество во денешните терористички напади во Шри Ланка, во кои загинаа повеќе од 200 лица. Осум експлозии имало денеска низ Коломбо, дел од нив биле во католичките цркви, дел во хотелите по повод одбележувањето на Велигден.

Бројката на жртви од час во час се зголемува. Најновите информации се дека 207 се загинати, а повредени преку 400.

Одекнаа осум ексползии, од кои шест речиси во исто време, додека две нешто подоцна.

The post Терористички напади во Шри Ланка: 207 загинати, уапсени седум лица appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни