Балкан

Тешка несреќа во Словенија: Загинаа тројца македонски државјани

Тешка несреќа во Словенија: Загинаа тројца македонски државјани

Тројца македонски државјани ја изгубија животa во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на Приморскиот автопат во Словенија, меѓу Унец и Равбаркоманда во правец кон Копер.

Според информациите од Полициската управа Копер, несреќата била пријавена во 16:28 часот. Според првичните сознанија, патничко возило во кое се превезувале десетмина македонски државјани удрило во задниот лев дел од камион кој поради дефект бил паркиран во сообраќајната ниша.

Лекарот на лице место ја констатирал нивната смрт, додека преостанатите двајца патници се тешко повредени. Еден од нив итно со хеликоптер е пренесен во болница, додека возачот на патничкото возило е транспортиран со возило на итна помош.

На местото на несреќата се излезени дежурен јавен обвинител и истражен судија за да раководат со увидот.

Автопатот во правец кон Копер е целосно затворен за сообраќај, што предизвика долга колона и застој. Возилата се пренасочуваат на регионалните патишта преку излезот Унец, а товарните возила се исклучуваат кај Логатец. Поради слетувањето на медицинскиот хеликоптер, автопатот краткотрајно беше блокиран и во спротивниот правец кон Љубљана.

Словенечката полиција ги апелира сите возачи кои се заглавени во колоната да не ги напуштаат своите возила од безбедносни причини и да овозможат премин за службените возила. Соодветните власти најавија дополнителни детали штом завршат првичните истражни дејствија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни