Попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа во тунелот кај Катланово во која загина мотоциклист.
Тој управувал мотоцикл со унгарски таблички.
Сопатникот на мотоциклот е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
„Во 16.55ч пријавено е дека во тунелот кај Катланово во правец од Велес кон Скопје, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно моторно возило и мотоцикл со унгарски таблички. Едно лице, кое се превезувало на мотоциклот починало, а другото, исто така се превезувало на мотоциклот, е пренесено во Ургентен центар Скопје“, велат од МВР.
Овој дел од автопатот е целосно затворен за сообраќај , а сообраќајот од клучка Велес кон Св.Николе се пренасочува кон автопатот Штип-Скопје.