Тешка сообраќајка кај Тирана: Четири момчиња на возраст од 20 до 25 години загинаа

На патниот правец Фуш През – Вора, кај Тирана пред полноќ се случила тешка сообраќајна несреќа во која загинаа четири момчиња на возраст од 20 до 25 години.

Автомобилот марка „мерцедес”, на бензин и плин, во кој биле момчињата, се судрил со камион-бетониерка, по што се запалил.

Првичните информации од увидот потврдуваат дека бетонската мешалка се движела со мала брзина, а возилото во кое се наоѓале младите се движело со голема брзина.

Како што велат албанските медиуми, патот не бил осветлен и како резултат на тоа младите не можеле да ја видат бетонската мешалка.

Инаку, возачот побегнал од местото на несреќата, но подоцна бил приведен.

Несреќата ја забележала полициска патрола, по што биле известени противпожарни служби за гаснење на пожарот. 

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното