Две патнички возила со скопски регистарски ознаки, од кои едното го управувал турски државјанин, утрово околу 9:53 часот се судриле на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка. Поради несреќата, сообраќајот на овој патен правец останува во прекин, а возилата се пренасочуваат по магистралниот пат Куманово – Крива Паланка.
Според информациите од портпаролката на Сектор за внатрешни работи Куманово, Ивана Младеновска, увидот на полицијата и јавен обвинител, се уште трае.
-На 6 март 2025, во 9 часот и 53 часот во Одделението за внатрешни работи Крива Паланка било пријавено дека на магистрален пат, Куманово – Крива Паланка, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “опел зафира” со скопски регистарски ознаки и “мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од турски државјанин. Сообраќајната несреќа се случила на новиот, експресен пат, кадешто сообраќајот е во прекин веќе три часа, а увидот е во тек, информира Младеновска.
Од СВР Кманово информираат дека извесетен е и јавен обвинител, а за детали ќе известат по завршување на увидот.