Македонија

Тешка сообраќајка на излезот од Скопје, „Југо“ излетало од патот и удрило во бандера, возилото целосно уништено (ВИДЕО)

Сообраќајна несреќа се случи пред еден час на излезот од Скопје, поточно во населбата Автокоманда, после бензинската станица во правец кон Куманово.

Екипата на ТВ21 забележа срушена бандера, и излетано возило „Југо“ од патот. Возилото е целосно уништено.

Засега не е познато дали има повредени лица од оваа незгода.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни