Македонија

Tешка сообраќајка со автобус полн ученици во Косово, има повредени!

Tешка сообраќајка со автобус полн ученици во Косово, има повредени!

На автопатот Приштина-Пеќ, кај градот Враголија, се случила тешка сообраќајна несреќа во која се повредени 30 лица.

Медиумите јавуваат дека во несреќата учествувал автобус кој превезувал ученици од екскурзија во Албанија.

Според косовската полиција, во несреќата учествувале автобус со странски регистарски таблички, камион и автомобил со ознаки „РКС“.

– На местото на настанот излегоа надлежни полициски единици. – информираат од косовската полиција.

Медицинските екипи се на терен.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни