Страшна сообраќајна несреќа се случи денеска во Сплит. Како што информираат од ПУ на Сплит-Далмација, комбето тргнало самостојно и налетало на група деца кои во моментот биле со наставничката, пренесува Индекс.
На терен се работниците од Сплит на ХМП и полицајци кои го обезбедуваат местото на настанот. Досега пет деца се пренесени за лекарска помош.
Засега не се знае тежината на нивните повреди, но од Слободна Далмација известуваат дека за среќа не се работи за сериозни повреди, туку се работи за исекотини и гребаници.
На местото на настанот ќе се врши увид, соопшти полицијата.