Македонија

Тешка сообраќајна несреќа на патот Ресен-Охрид, повредени бебе и жена

Бебе на една и пол година и жена се повредени вечерва во тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Ресен-Охрид кај местото викано Претнов Моста, дознава ТВ21.

Како дошло до несреќата се уште нема официјални информации, но жителите од селото Куратица кое е во близина велат дека често фрекфенцијата на сообраќај на овој патен правец е голема и бараат од надлежните преземање на соодветни мерки за исклучување од главниот пат кон нивното село.

Како што дознаваме, бебето се здобило со скршеница и заедно со жената со возило на ИМП се префрлени во болница.

На лице место се уште трае увидот.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни