Утринава се случи тешка сообраќајна несреќа на влезот во скопската населба Драчево, од правец на селото Студеничани. Според првичните информации, патничко возило изгубило контрола и се превртело на коловозот.
На местото на несреќата веднаш интервенирале полициски службеници, кои го обезбедиле просторот и вршат увид за да се утврдат причините за несреќата.
Сѐ уште нема официјални информации за бројот на повредени или нивната здравствена состојба. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
