Македонија

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Гостивар

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Гостивар

Ноќеска (20 декември) половина час по полноќ, во СВР Тетово пријавена е сообраќајна несреќа која се случила во гостиварската населба Млаки, а во која учествувало патничко моторно возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 25-годишниот С.С. од гостиварско Речане, кое удрило во две паркирани товарни моторни возила со гостиварски ознаки „форд“ и “фиат“.

Во несреќата, сопатникот од „мерцедесот“ И.Б.(23) од Гостивар се здобил со тешки телесни повреди, а другите два сопатника Ф.Ш.(20) и Љ.И.(21) од Швајцарија телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни