Тешка сообраќајна несреќа во Битола, се судрија автобус и автомобил (ФОТО)

Страшна глетка попладнево ги дочека жителите на Битола кај Новиот пазар. По судир на автобус и автомобил во тешка сообраќајна несреќа, автомобилот е целосно уништен, а повредени се неколку лица.

Несреќата се случила на пешачки прекин, а во моментов не јасно е како точно дошло до сударот меѓу автобусот и автомобилот.

На лице место се екипи на Брза помош, полиција и противпожарна едница кои помогнале во извлекување на патници од автомобилот.

Сите со повреди се пренесени во Клиничкиот центар во Битола. Во моментов нема информации во каква здравствена состојба се хоспитализираните.

Инаку станува збор за автобус кој превезува вработени во РЕК Битола.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното