На 11.08.2022 година во 17:05 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул.,,Стрчин“ и ул.,,15 Корпус“ во Битола се случила сообраќајна несреќа.
Помеѓу патничко возило „тојота“, управувано од О.Р.Г. (43) и мотоцикл „апачи“, управуван од А.Ј. (33), двете со битолски регистарски ознаки.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР Битола.