Македонија

ТЕТОВО: Наместо изолација и домашно лекување од коронавирус, 15 лица се шетале – МВР ќе поднесе кривични пријави

Вчера (23 август) полициски службеници на СВР Тетово, во рамките на редовните контролни активности на лица со решенија за изолација издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат.

Утврдиле дека 15 лицa од Teтово и тетовските села Слатино, Доброште, Лисец, Одри, Терце и Јажинце, иако имале решенија за изолација и домашно лекување, не ги почитувале решенијата и не биле пронајдени во своите домови.

Против овие лица ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ согласно член 206 од Кривичниот законик.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни